ЕУ планира да ја ограничи цената на гасот

EU
EU

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денеска во Европскиот парламент предложи ограничување на цената на гасот за производство на електрична енергија и се залага за заеднички систем за набавка на енергија во ЕУ.

Zito akcija 640x289px

Таа предупреди дека по зимата, складиштата за гас ќе мора повторно да се полнат нагласувајќи дека ЕУ „треба да има заеднички систем за набавка на енергија“.

Agria

На 18 мај Европската комисија го претстави планот REPowerEU како одговор на тешкотиите и нарушувањата предизвикани од руската инвазија на Украина на глобалниот енергетски пазар. Тој план предвидува прекин на зависноста од руските енергетски извори до 2027 година.

„ЕУ е подготвена да разговара за ограничување на цената на гасот за производство на електрична енергија“, изјави Фон дер Лаен пред европратениците.

Шефот на ЕК рече дека ограничувањето на цената на гасот за производство на електрична енергија ќе биде „привремено решение до новиот европски индекс на цените“.

Фон дер Лаен предупреди и дека е неопходно да се заштити европската енергетска инфраструктура.

„Саботажата на гасоводот ‘Северен тек’ покажа колку е ранлива нашата енергетска инфраструктура. Мораме да бидеме поподготвени, да спроведеме стрес-тестови на критичната инфраструктура, да користиме сателити за следење и откривање потенцијални закани“, рече Фон дер Лаен.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: