Еурофарм Пелистер им го нанесе првиот пораз на кадетите на Фруитленд Борец

Fruitlend Borec Eurofarm Pelister kadeti

Ракометните кадети на Еурофарм Пелистер го добија дербито на кадетската ракометна лига група А, против домаќинот Фруитленд Борец и го совлада со високи 40:26, полувреме 20:10.

Гостите од Битола беа поквалитетен противник на овој натпревар. Го имаа водството уште од самиот старт кое постојано се зголемуваше. Доколку на голот на Фруитленд Борец не беше расположен за игра голманот Димитар Пецев, гостите ќе имаа и поголема предност. Во вториот дел поангажирана игра во одбраната на велешани вроди со плод, па во 44 минута од натпреварот дојдоа и на минус пет, 20:25, но тоа беше се што успеаја да направат. Во продолжение тренерот на Фруитленд Борец им даде шанса скоро на сите ракометари, а тоа го искористија битолчани кои ја зголемија предноста за конечни 26:40.

Agria

Најефикасен кај домашниот тим беше Андреј Зафиров со седум постигнати погодоци, додека шест постигна Лука Станковски. Кај победничката екипа  Андреј Георгиев постигна 11 погодоци. За велешани ова беше прв пораз во првенството и по девет одиграни кола се наоѓаат на втората позиција. Наредниот викенд на домашен терен ќе го пречекаат составот на Овче Поле 1958 од Свети Николе.

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Два случаи на мајмунски сипаници потврдени во Македонија
Мицкоски: Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас, а сега е време и ние да почнеме да сметаме на Европа
Прекршочна санкција за ССК за давање лажни информации за картелското здружување на маркетите