Еуроникел понуден на продажба, работниците бараат пари за плати и за струја

Euronickel
Euronickel

Сопственикот на Еуроникел објави дека комбинатот за производство на никел од Кавадарци е понуден на продажба во насока на барање на решение за решавање на кризата.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

ГСОЛ соопшти дека ги понудил акциите на Еуроникел за минимален износ на најголемиот доверител (банка), како и на Константинос Даскалакис и неговата група компании кои изразиле интерес да го купат производителот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Еуроникел и неговиот акционер ГСОЛ ги поддржуваат сите конструктивни разговори и активности кои можат да ја обезбедат иднината на компанијата и ги повикуваат сите засегнати страни да придонесат за одржливо долгорочно решение за фабриката“, соопшти сопственикот.

Синдикалната организација при Еуроникел индустри бара сопственикот на комбинатот, компанијата ГСОЛ, ако навистина ѝ мислат добро на фабриката, да ги исплати платите и да обезбеди струја.

„Веќе неколку пати јавно ве повикувавме и повторно ви се обраќаме, исплатете плата, обезбедете струја за да ги осигурате нашите работни места, а не да не замајувате со приказни дека банката или друг инвеститор треба да ја реши нашата судбина. Какви и да се вашите планови, вие сте газдите, вие сте должни и од вас очекуваме да се погрижите да не останеме на улица“,соопшти Синдикалната организација на Еуроникел индустри.

Можеби ќе ве интересира:

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: