Евакуирани првите македонски државјани од Израел

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани, кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа безбедно пристигна на скопскиот аеродром.

Станува збор за осум лица, четири деца и четири возрасни, кои како дел од поголем организиран транспорт ја напуштија територијата на Израел и се упатија кон Египет, од каде што со авион во сопственост на Владата беа транспортирани до Скопје.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалните мрежи информира за успешно завршениот процес на евакуација нагласувајќи дека со оваа операција нашата земја се вбројува меѓу првите во Европа што организираа и реализираа безбедно враќање свои државјани од зоната на конфликт на Блискиот Исток.

Agria

Министерството преку дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив останува во континуирана комуникација со другите македонски државјани, кои се наоѓаат на територијата на Израел. За сите прашања и конзуларна поддршка на располагање се дежурните телефонски броеви.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: