Детското одделение во велешката болница денеска доби вредна донација во постелнини за сите 63 креветчиња, со кои располага овој оддел. Покрај тоа, донацијата, која е дело на Евангелската црква вклучува и комплети алишта за новороденчињата, фротирчиња и бањарки и стотина тетра пелени.
„Денес, по Божја милост, и официјално ја заокруживме донацијата од Евангелска Црква за Детското одделение и Неонатологија при Општата Болница во Велес. Нека Господ ве благослови изобилно сите вас, кои дониравте кон ова дело“, вели Филип Иванов, пастор на Евангелската црква.
Донацијата е во вредност од 2300 евра, а откако ќе се испере и дезинфицира, ќе се стави во употреба на ова одделение во Општа болница Велес.