По обработени нешто над 90 проценти од гласачките ливчиња, според податоците на Државната изборна комисија, познат е составот на новиот Совет на Општина Велес. Најголем број советници обезбедува ВМРО-ДПМНЕ, која со освоени 9.499 гласа добива 16 мандати. Следуваат Левица и СДСМ со по три мандати, додека движењето ЗНАМ освои еден советнички мандат.
🟥 Советници од ВМРО-ДПМНЕ: Даниел Јаневски, Лилија Чолакова Дервишова, Весна Атанасовска, Нада Јованова, Жарлп Манасков, Елизабета Митревска Анѓелеска, Александар Илиевски, Маја Демерџиева, Изабела Апцева, Игор Стојанов, Селма Амедоска, Слободан Ников, Ивона Јовиќ, Васко Гетов и Благојка Наунова.
🟥 Советници од Левица: Димче Ацков, Звезданка Пешиќ и Анета Стаиќ.
🟦 Советници од СДСМ: Јованче Манасков, Мирјана Петрупевска Савова и Драган Стојанов.
🟨 Советник од ЗНАМ: Милка Панова.
Ова е моменталната слика според прелиминарните резултати по нешто над 90 проценти од обработените гласачки ливчиња. Конечниот состав на Советот ќе биде потврден по завршувањето на целосната обработка на резултатите од страна на Државната изборна комисија.