120 работници од кочански „Пејпер Мил“ привремено одат дома. Фабриката за хартија го запира производството. Од раководството тврдат фабриката е затворена и производниот процес е целосно запрен, но работниците се уште не се отпуштени. За тоа одлука треба да донесе бугарскиот сопственик.
Претходно Државниот инспекторат за животна средина и наложи на фабриката да го користи само котелот што работи на метан затоа што другиот на пелети го загадува воздухот над дозволеното.
“Што ќе биде понатаму чекаме одговор од бугарската страна. Одлуката е донесена вчера, а причината за затворањето е што нема исплатливост за понатамошно работење ако како енергенс се користи метан. Имаме позитивни резултати од две лаборатории за користењето пелети, но тие не ни се прифаќаат, а други лаборатории пак, велат дека работењето не ни е во ред. Инспекторатот ни наложи да работиме на метан, но тоа не се исплаќа поради големата економска криза“, вели во изјава за МИА Игор Тасевски, одговорен во „Пејпeр мил“.
Неколку денови пред Нова година четврт протест одржаа и жителите на Кочани, кои бараа загадувањето од фабриката од запре.
Државните еко инспектори одлуката за забрана за користење на котелот на пелети ја донесоа откако и последното контролно мерење на гасовите од фабричкиот оџак на Пејпер мил пред Нова година покажаа надминување на граничните вредности на прашина и јаглероден моноксид. Важи се додека не биде поставен нов филтер и загадувањето не се намали под граничните вредности.
Ова беше трето мерење на чадот од оџакот на оваа фабрика и сите покажаа дека таа го загадува воздухот на Кочани. „Пејпер мил“веќе доби казна од 20.000 евра поради загадувањето.
Mожеби ќе ве интересира: