Во две возила биле пронајдени 11 мигранти од Бангладеш , соопшти полицијата.
На 30.07.2020 год. околу 08.00 часот на автопатот Гевгелија – Неготино, кај наплатна станица „Демир Капија“, при контрола на возилата „БМВ“,со велешки регистарски броеви, управувано од О.Д.(46) и „Фолксваген фејтон“, со тетовски регистарски броеви, управувано од С.М.(37), двајцата од с.Бузалково,велешко, се пронајдени 11 мигранти од Бангладеш. Лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија, за понатамошна постапка.
За настанот е известен Јавен обвинител, по чии насоки против возачите ќе биде поднесена кривична пријава.
Можеби ќе ве интересира: