Филипче: Да ја споделиме радоста со нашите најблиски и да покажеме дека заедно можеме да создадеме подобра иднина

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче упати честитка до православните христијани во земјава кои денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

„На овој најрадосен празник за веста на раѓањето Христово, на сите граѓани кои го слават празникот им посакувам искрени желби за здравје, среќа и благосостојба. Бадник не потсетува дека токму сега е време да бидеме сè поблиски, посложни и поединствени“, вели тој во честитката објавена на неговиот Фејсбук профил.

Agria

Нека трпезата биде исполнета со љубов, смеен мир, а срцата со радост и надеж за поубави денови, вели Филипче.

„На овој ден да ја споделиме радоста со нашите најблиски и да покажеме дека заедно можеме да создадеме подобра иднина и поперспективно општество за сите нас. Нека е за многу години денешниот празник Бадник!“, вели Филипче во честитката.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Втор ден од конклавата за избор на нов папа
Апасиев од Москва: Некој од задњи ред кај Трамп, некој со официјална покана за воената парада на Црвениот Плоштад
Недостигот на медицински персонал ја ограничува употребата на технологијата