Филипче го повика Мицкоски веднаш да ги сподели информациите за можна дестабилизација со надлежните институции

venko filipcе

Претседателот на СДСМ Венко Филипче му порача на премиерот Христијан Мицкоски, доколку има сознанија за можна дестабилизација, веднаш да ги сподели со надлежните институции.

Zito akcija 640x289px

„Доколку Мицкоски поседува било какви информации за можна дестабилизација или нарушување на мирот во земјата, истите мора итно да ги сподели со надлежните институции. Во спротивно, тој станува соучесник или политички фактор кој можеби од таквата состојба има интерес.

Agria

Информациите за дестабилизација кои два дена по ред ги пласира премиерот предизвикуваат немир кај граѓаните, а негова лична одговорност е да превенира таква состојба. Доколку тој сам не ги сподели информациите, ги повикувам истражните органи да поведат постапка и ги истражат овие наводи.

Можеби ќе ве интересира: