Вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките. Пример, за тоа е Дебар, која беше прва општина која влезе во карантин, а денес е општина во која со недели нема ниту еден нов случај. Ова е заслуга на граѓаните и нивното дисциплинирано однесување, смета министерот за здравство Венко Филипче. Тој порача дека друг избор, освен да се почитуваат мерките, нема.
„Ние не можеме вечно да живееме во карантин. Тоа е штетно за менталното здравје на граѓаните, за економија, за целото општество. Имаме два избори, или ќе го продолжиме да го враќаме животот во нормала почитувајќи ги безусловно мерките или ќе се враќаме назад кон силни рестрикции. Изборот е наш. Друг излез од оваа состојба, за жал не постои“, смета Филипче.
Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да се воздржат од групирање и да одржуваат дистанца, да бидат внимателни, да носат заштитна опрема и да се грижат за личната хигиена.