Велешката фудбалска гордост Борец, не застанува со засилувањето на својот ростер за следната сезона и денес договори две странски имиња.
Нови членови на велешкиот тим се Милош Рниќ и Данило Радјен. 28-годишниот Рниќ треба да биде големо засилување меѓу стативите на Борец. Искусниот голман на својот грб има десетодишно искуство, бранејќи во повеќе тимови од Србија, а во Велес се сели од редовите на Нови Пазар.
Радјен, пак, треба да биде освежување во дефанзивата. 27-годишниот Србин со американски пасош по неколкугодишните настапи во САД, пред две сезони се пресели во Србија, од каде преку Телеоптик и Бачка оствари трансфер во нашиот клуб.
Клубот објави дека ќе има промени и во стручниот штаб. Нов тренер на голмани е Бојан Димковски кој доаѓа од редовите на ФК Вардар.
На почетокот на летниот трансфер период, Борец потпиша нови договори со осум фудбалери, а тимот го засили и со Алекс Талески и Аргентинецот Гонзало Зарате.
Можеби ќе ве интересира: