ФК Борец: Одиме по бодови во Струга

Велешкиот фудбалски прволигаш Борец утре (недела), во рамките на третото коло на ПМФЛ и гостува на Струга Трим Лум. По стартните две кола, велешани се непоразени и имаат четири бода, кои лесно можеа да бидат и шест, доколку на минатонеделниот меч против Ренова, Стојменовски не си постигна автогол во 89 минута.

Zito akcija 640x289px

Во екипата на Борец владее оптимизам пред натпреварот со Струга Трим Лум. Тренерот на велешани Горазд Михајлов смета дека играчите мораат да го заборават минатонеделниот натпревар со Ренова и несреќно примениот гол, а традиционално добрите партии кои ги пружаат неговите играчи против утрешниот противник, влеваат надеж за добар резултат.

Agria

„За утрешниот меч против Струга Трим Лум мора да се размислува позитивно и да се заборави претходниот натпревар дома, со Ренова, кога несреќно примивме, поточно, си дадовме автогол во последните минути. Верувам дека го надминавме тој психолошки притисок и дека сме подготвени да оствариме позитивен резултат во Струга. Струга е незгоден противник, добар домаќин, но во изминатите натревари игравме добро против нив, па зошто да не биде така и утре. Сите играчи се подготвени и очекувам добар меч и секако непоразени да се вратиме од Струга“, рече Михајлов.

Image may contain: 1 person, playing a sport and outdoor, text that says 'RAKO 22 8'
Никола Радовиќ – ФК Борец (црвен дрес)

Оптимист пред утрешниот натпревар е и стрелецот на двата гола за Борец во првите две кола, српскиот интернационалец Никола Радовиќ.

„Знаеме дека не очекува тежок меч, со незгоден противник, но наша цел се трите бода. Со такво размислување ќе дојдеме до позитивен резултат, ќе ги однесеме бодовите во Велес и ќе ја продолжиме добрата серија без пораз“, рече Радовиќ.

Во меѓувреме, денеска и вчера веќе се одиграа три натпревари од третото коло во кое, Шкендија како гостин славеше над Македонија Ѓ.П. со 1:0, а екипата на Академија Пандев го доживеа и третиот пораз по ред, овој пат на гости кај Ренова со 2:0. Вчера Шкупи на свој терен ја продолжи мизеријата на вториот струмички прволигаш Беласица, кого го победи со 2:0.

Натпреварот Струга Трим Лум почнува утре (недела) во 17 часот, а во исто време играат уште и Вардар – Силекс и Пелистер – Работнички.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10711/dvajcza-novozarazeni-veleshani-vkupno-159-novi-sluchai/