
Велешкиот фудбалски второлигаш, Борец 1919 АД доведе уште едно квалитетно засилување за новата сезона. Нападот е засилен со Флорент Османи, досегашниот напаѓач на Вардар од Неготино.
Содржината продолжува под рекламата
Флорент Османи во кариерата настапуваше и за Гостивар, Струга Трим Љум, Велазерими, Скопје, Шкупи, Корзо, Вардар Неготино а има интернационално искуство со играње во Косово во екипата на Дрита.
Содржината продолжува под рекламата
За велешани ова е четврто официјално засилување за претстојната сезона. Претходно ги промовираше младиот голман Јакимовски, играчот од средниот ред, Цветановски а пред два дена го официјализираше и трансферот на Берат Исмаил.
Можеби ќе ве интересира:
- За два денари поскапува дизелот
- Полиција фати велешанец на дело, продавал дрога среде ден
- Црвениот крст Велес добитник на признание за крводарителство во 2024 година
- Почнува 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“
- Сончево со мала до умерена облачност, температура до 20 степени


















