Под палката на новиот тренер, Љупчо Димитковски – Гањо фудбалерите на Борец денеска на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес, го одработија првиот тренинг на стартот од подготовките за пролетниот дел од сезоната во Третата фудбалска лига – Југ.
Содржината продолжува под рекламата
Клубот денес ги промовираше и четирите засилувања со кои ќе се брка првото место во лигата. Станува забор за искусни фудбалери од Велес. Димче Ставревски и Кристијан Маневски преминаат од ривалот Превалец. Ново име е и Кирил Ивановски кој доаѓа од второлигашот Детонит, а по подолга пауза поради повреда во редовите на Борец се приклучи и Стојанче Костадиновски.
Содржината продолжува под рекламата
Во тимот се приклучени и неколку играчи од младинскиот погон. Оваа екипа составена претежно од велешани очекува напролет да го освои првото место и да обезбеди пласман во баражот за влез во Втората лига.
Можеби ќе ве интересира: