Во Коњиќ официјално беше отворено Европското првенство во рафтинг во организација на клубот Рафтинг Ривер Гајд и Гарден Сити Хотел Коњиќ со одобрение на Светската рафтинг федерација и со поддршка на Олимпискиот комитет на Босна и Херцеговина, а под покровителство на градот Коњиќ.
Текстот продолжува под рекламата
На ова европско првенство во кајак рафтинг, учествуваат членовите на Кајак Кану Клуб Арка – Борец Велес, Стојче Златаров ,Ангел Јовановиќ, Благој Гугинов и Кристијан Лазаров ка дел од репрезентацијата на Македонија во кајак рафтинг.
Текстот продолжува под рекламата
Нашите преставници на Кајак рафтинг се натпреваруваат во конкуренција на околу 130 натпреварувачи од 12 европски земји.
Можеби ќе ве интересира: