На силниот меѓународен турнир во борење слободен стил „Бојан Рангелов 2023“ за пионери и кадети во Скопје, борачите на БК Борец освоија два медали.
Содржината продолжува под рекламата
Во конкуренција од над 100 борачи од Србија, Бугарија, Косово и Македонија, Левче Картинов во категоријата до 61 килограм го освои третото место, а во категоријата до 75 килограми Теодор Алексовски го освои одличното второ место.
Содржината продолжува под рекламата
Од клубот напоменаа дека течат интезивни подготовки за традиционалниот меморијален боречки турнир „Љубомир Коцев – Листон“ кој ќе се одржи на 7 октомври 2023.
Можеби ќе ве интересира: