На Меѓународниот турнир „Листон 2022” што се одржа вчера за носител на трофејот е прогласен Ердин Зејнелов од Боречки клуб Борец. Со ова Зејнелов покажа дека е во добра форма пре настапот на Балканското првенство кое ќе се одржи во Романија на крај од месец октомври.
На турнирот на кој што учествуваа над 90 борачи од Македонија и странство, Боречкиот клуб Борец освои едно прво место, едно второ и четири трети места. Сребрен медал освои братот на Ердин, Полат Зејнелов додека бронзени медали освоија Стефан Павловиќ, Диме Јовановски, Бобан Димов и Аце Јовановски.
Содржината продолжува под рекламата
На турнирот на кој што учествуваа над 90 борачи од Македонија и странство, Боречкиот клуб Борец освои едно прво место, едно второ и четири трети места. Сребрен медал освои братот на Ердин, Полат Зејнелов додека бронзени медали освоија Стефан Павловиќ, Диме Јовановски, Бобан Димов и Аце Јовановски.
Во знак на благодарност, Боречкиот клуб Борец им додели благодарници на сите што помагаат овој клуб да опстане, а исто така беше доделена и Статуетка за спомен на фамилијата на Листон.
Можеби ќе ве интересира: