(ФОТО) Грин Машинс со мотото „GREEN FORCE“ ги претстави своите електрични модели на ECOMONDO 2025 во Римини

Грин Машинс учествуваше на саемот во Италија  ECOMONDO 2025, водечкиот италијански настан посветен на зелени технологии, рециклирање и одржлив урбан развој. На штандот беа изложени целата палета електрични комунални возила на Грин Машинс, вклучувајќи најсовремени решенија за урбано чистење, компактни машини за тесни градски зони, високо продуктивни sweepers со нулта емисија, како и нови технолошки надградби кои нудат пониска бучава, пониски оперативни трошоци и целосно „зелено“ работење.

Тимот на  Грин Машинс на ECOMONDO одржа низа состаноци со партнери, дилери и големи комунални оператори од цела Италија и Европа. Беа презентирани најновите подобрувања во батериската технологија, автономните функции и паметните системи за управување со комунални возила. Оваа година, штандот на Грин Машинс беше брендиран со мотото GREEN FORCE“, кое привлече внимание од посетителите и придонесе за силна видливост и препознатливост на брендот во рамките на саемот.

Agria

Успешното учество ја потврдува стратегијата на Green Machines да го зајакне своето присуство на европскиот пазар, со посебен акцент на земјите кои активно инвестираат во декарбонизација и современи еколошки решенија за урбано чистење.

Green Machines продолжува со демонстрации, обуки и теренски презентации низ Европа во текот на 2025 година, со цел да ги поддржи градовите и операторите во транзицијата кон поодржлива и поефикасна урбана инфраструктура.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: