Кајакарите на К.К.К Арка-Борец од Велес и членови на македонската сениорска репрезентација во спуст викендов учествуваа на третото коло од Европскиот куп во Даленвил, Швајцарија.
Содржината продолжува под рекламата
На европскиот куп се возеа два натпревари, во дисциплината класик на патека долга 4,5 км и дисциплината спринт со должина од 500 метри. Во настапот на класичните возења македонските кајакари успеаа да се закитат со еден медал во категоријата М35+ каде што како втор заврши Љубомир Спасиќ, додека во сениори Александар Златаров беше на 15 место и во јуниорска У18 категорија Кристијан Лазаров заврши седмопласиран, Благој Гугинов беше десети во категоријата У16. Во тимскиот настап во сениори во состав Спасиќ-Златаров-Лазаров остварија пласман на 5то место.
Содржината продолжува под рекламата
Македонските кајакари беа далеку поуспешни во настапите во спринт каде што Благој Гугинов во јуниори У16 се пласираше на второто место, во сениорскиот тимски настап (Спасиќ-Златаров-Лазаров) го освоија второто место и Љубомир Спасиќ во категорија М35+ заврши како второпласиран.
Со завршување на третото коло на Европскиот куп, генералниот пласман остана непроменет во сениорска и јуниорска категорија каде што во сениорите првите две места ги држат Златаров и Спасиќ, а кај јуниорите ги држат Лазаров и Гугинов. Предстојат уште две кола од Европскиот куп каде по нивното завршување ќе биде познат официјалниот генерален пласман за 2023.
Можеби ќе ве интересира: