(ФОТО и ВИДЕО) Велешанецот Спасиќ со прво место во спринт во мастерси и втор во сениори во Чешка

kajakri-ceska-mladinci-1
kajakri-ceska-mladinci-1

Нов голем успех за македонските кајакари. Откако пред два дена го освои третото место во класик настапот на Интернационалниот натпревар во склоп на светското првенство во Чешка, Љубомир Спасиќ го освои првото место во спринт во мастерси и второ место во сениори.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На светското првенство во Роуднице над Лабен настапија и македонските кајакари во младинска конкуренција и остварија забележителен пласман. Кристијан Лазаров беше најуспешен македонски натпреварувач кој се пласираше на 21 место на кој му недостигаа 1.4 сек. за пласман во финале.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од останатите наши кајакари Благој Гугинов го освои 39 место, Андреј Арсовски се најде на 47 позиција, додека Матеј Василев го заврши настапот на 50 место од 58 натпреварувачи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: