По одличните резултати на Европското првенство во кајак-спуст кое се одржа на Матка, за македонските кајакари слеуваат нови предизвици. Македонската сениорска репрезентација во кајак-спуст во состав на Љубомир Спасиќ, Александар Златаров, Кристијан Лазаров и Благој Гугинов, сите членови на ККК Арка Борец од Велес, следниот викенд ќе настапи на Светското првенство во Р. Германија во градот Аугсбург на олимписката патеката од летни олимписки игри во 1972 година.
Содржината продолжува под рекламата
Македонската федерација очекува од репрезентативците да го продолжат низот на успеси кои ги постигнаа оваа година. Од успесите би ги споменале пласманите во генерален пласман на европската ранг листа за 2023 во сениорска и јуниорска категорија во кои првите две позиции ги држат истиве македонски кајакари.
Содржината продолжува под рекламата
Како и успешните настапи на Европското Првенство во индивидуалните и тимски настапи со пласман во финалето на Александар Златаров, осмата позиција во тимското возење и две втори места на Љубомир Спасиќ во категорија 35+.
Можеби ќе ве интересира: