Велешкиот Кајак кану клуб „Арка-Борец“ се апсолутни победници на Mеѓународниот натпревар на кајак на диви води во дисциплината спуст на 4,5 километри „Завидовиќи опен 2023“ што се одржа на реката Босна во градот Завидовиќи во Босна и Херцеговина.
Содржината продолжува под рекламата
За најбрз натпреварувач беше прогласен Љубомир Спасиќ од Кајак кану клуб Арка-Борец. На натпреварот учество земаа клубови и од Србија и Босна и Херцеговина, а Кајак кану клуб Арка-Борец беше единствен претставник од Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Овој натпревар ќе влезе и во конечното бодување на рангот за балканската лига на која како главни носители се клубовите од нашата земја,Србија и Босна и Херцеговина, рече Спасиќ.
Покрај Спасиќ прво место во своите категории освоија, Млади пионери – Лука Велковски, Пионери – Андреј Апостолов, Кадети – Благој Гугинов, Јуниори – Кристијан Лазаров, како и во категорија Сениори – Љубомир Спасиќ.
Со бронзени медали се закитија во категорија Млади кадети – Филип Димитријевски и во категорија Сениори – Александар Златаров. Пето место во категорија Сениори освои Енис Небиовски.
Можеби ќе ве интересира: