Велешкиот Кајак кану клуб „Арка-Борец“ повторно доминираше на меѓународна сцена. Викендов учествуваа на Меѓународен натпревар во Чачак на реката Западна Морава каде повторно се апсолутни победници во екипно натпреварување.
Содржината продолжува под рекламата
Први места во своите категории освоија, Млади пионери – Андреј Апостолов додека третото место во оваа категорија го освои Лука Велковски. Во категоријата Пионери прво место освои Филип Димитријевски, Кадети – Благој Гугинов, Јуниори – Кристијан Лазаров.
Содржината продолжува под рекламата
Во сениорска конкуренција Љубомир Спасиќ го освои второто место, а веднаш зад него се пласираше Александар Златаров.
Можеби ќе ве интересира: