Со импресивен настап и бројни одличја, боречкиот клуб „Борец“ од Велес оствари огромен успех на денешното 23-то издание на традиционалниот боречки турнир „Коцев Љубомир – Листон“, освојувајќи го првото место во екипна конкуренција.
Посебно се истакна Левче Картинов, кој беше прогласен за најдобар борач на турнирот, додека Фесал Муареми ја понесе титулата најдобар техничар.
За издвојување се сребрените медали во своите категории на Фесал Муареми, Ангела Перчинкова, Давид Стојановски, Аце Јовановски, Александар Алексов и Исак Милошевски. Бронзени одличја освоија Рузгар Амедов, Марко Ќулумов и Сенад Лимани.
Овој резултат е доказ за континуираната посветеност, тренинг и квалитет на тренерот Игор Мицевски – Скакрот со младите велешки борачи. Турнирот „Коцев Љубомир – Листон“ традиционално собира голем број натпреварувачи од целата држава и претставува важен настан во македонскиот боречки календар, а оваа година на овој турнир гостуваа две екипи од Косово.