Фудбалерите на Превалец ремизираа со екипата на ССК Нова од Драчево со резултат 0:0, на вториот подготвителен натпревар пред почетокот на пролетниот дел во Третата фудбалска лига.
Содржината продолжува под рекламата
Во убав и допадлив фудбал на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес, и двете екипи имаа шанси да го добијат натпреварот, но мрежите мируваа. И двајцата тренери им дадоа шанса на сите фудбалери да покажат што знаат.
Содржината продолжува под рекламата
За ФК Превалец ова е втора средба во рамки од подготвителниот период пред почетокот на натпреварите во Третата фудбалска лига – Југ. На првото соочување „превалчани“ го совладаа ФК Башкими со 2:0.
Можеби ќе ве интересира: