Фудбалскиот клуб Борец 1919 тргна во нова етапа откако денес на клупата го промовира новиот стратег Горан Симов. Новиот шеф на стручниот штаб на велешани веќе се запозна со играчите и ја одржа првата прозивка во новиот клуб.
Симов денес на првиот тренинг ги имаше на располагање беа сите фудбалери, а најавени се неколку засилувања за втората полусезона. Подготовките ќе се одвиваат во Велес а веќе се закажани и неколку контролни натпревари.
По првиот дел Борец се наоѓа на 15 место со само 5 освоени бода, а новиот стратег ќе има тешка задача да обезбеди опстанок во Втората фудбалска лига на Македонија.