На средната сервисна линија на тенискиот АТП 25 во Бања Лука, на најголемите тенисери на денешницата, Ѓоковиќ, Вавринка, Рубљов им судеше велешанецот Јован Јовановски.
Содржината продолжува под рекламата
Во периодот од 16 до 23 Април градот Бања Лука беше во центарот на вниманието не само на Балканот, туку и на светската тениска мапа. Велес на овој турнир од серијата АТП 250 го претставуваше нашиот сограѓанин Јован Јовановски како линиски судија.
Содржината продолжува под рекламата
Јовановски ја имаше честа да биде дел од 43 судии од Балканот, а на теренот да биде дел од натпреварите на светскиот рекет брoj 1 Новак Ѓоковиќ, на ланскиот освојувач Андреј Рубљов, хрватскиот тенисер Борна Чориќ, поранешниот брoj 3, Стен Вавринка и многу други тенисери од топ 100 листата. За потсетување турнирот во Бања Лука го освои српскиот тенисер Душан Лајовиќ кој го совлада Рубљев со 2 1 во сетови.
За Јовановски ова е втор АТП 250,а втор турнир оваа година. Претходно Јовановски беше дел од првиот турнир на земјена подлога за оваа сезона во хрватскиот град Задар од серијата АТП Челинџер Тур 75. За Јовановски следен турнир е АТП Челинџер Тур Македонија Опен кои по 23 години се враќа во Скопје.
Можеби ќе ве интересира: