Полицијата во координација со Јавното обвинителство во возило на патот Прилеп- Македонски Брод запленија обработени и подготвени за продажба 33 килограми марихуана и 15 килограми хашиш, информира МВР.
„На патниот правец од Прилеп кон с. Дебреште, на место во близина на градските гробишта лишен од слобода е В.И. (55) од с. Дебрешта, кај кого се пронајдени четири вреќи со околу 48 килограми дрога (хашиш и марихуана) кои ги подготвувал за транспорт. По преземени дополнителни мерки и активности, околу 20.30 часот во Прилеп е лишен од слобода Н.Д. (46) од с. Дебрешта, за кој е утврдено дека бил организатор на транспортот. Потоа од слобода е лишен и Е.И. од с. Дебрешта“, соопшти Ангеловски.
Приведените денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во прилепскиот суд.
Можеби ќе ве интересира: