(ФОТО) За мистрија се фатија градоначалникот Коцевски, вицепремиерот Битиќи и министерката Стефоска

За мистрија се фатија вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи и градоначалникот на Велес Аце Коцевски. Тие беа дел од волонтерскиот ден на градилиштето во населбата „Хабитат“ во Велес.

Zito akcija 640x289px

Претходно се одржа брифинг, на кој освен Битиќи и Коцевски, учествуваа претставникот на УСАИД во Република Северна Македонија Ерик Јановски, потпретседателот на Habitat humanity international за Европа, Блискиот Исток и Африка, Рик Хатавеј,  Министерката за култура Ирена Стефоска и Националниот директор на Хабитат Македонија, Зоран Костов.

Текстот продолжува под рекламите

Agria

На брифингот разговараа на прашања поврзани со климатските промени и енергетската ефикасност на живеалиштата  кои се на агендата на централните и локалните власти. Тие разговараа за влијанието на националната економија и благосостојбата на луѓето, намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид , енергетската сиромаштија  и потребите на ранливите категории како и за улогата на граѓанскиот секрор и социјално мотивираните инвеститори.

Текстот продолжува под рекламите

„Сакам да се заблагодарам на Хабитат за поддршката што ни ја дава и за други проекти кои заеднички ги реализиравме во изминатито период и на Хабитат на интернационално ниво за тоа што се реализира овој проект во Велес, да им се заблагодарам на УСАИД и на претставниците на Владата за поддршката што ја даваат на Велес и на други општини за реализација на проекти за енергетска ефикасност со кои не само што се штеди енергија туку и се подобрува квалитетот на живеењето од една страна а од друга страна се подобрува и квалитетот на животната средина. Пред извесно време го завршивме проектот за реконструкција на покривот на осноното училиште во Башино Село со поддршка на Хабитат. А сега ни доделија и донација во вредност од 5 илјади евра за реконструкција на кровот на училиштето во село Црквино“, рече градоначалникот Аце Коцевски.

DSC_0710

„Имањето на сопствен дом е едно од базичните потреби на секој човек за да чувствува сигурност и за да може да придонесе во општеството. Затоа за мене градењето на домови за оние кои се соочуваат со потешкотии е една од најхуманите акции кои можат да се направат. Сакам да се заблагодарам на Хабитат кои досега изградија шест стамбени објекти во Велес со што се овозможува дом на повеќе семејства со ниски примања. Дополнителна вредност е тоа што овие домови се енергетско – ефикасно изградени со помош на волонтери од целиот свет“, истакна Битиќи.

DSC_0713

„Секој човек сонува да има свое гнездо, свој дом, своја стреа. Хуманоста, солидарноста, правдата и правичноста а особено негувањето на културата на волонтирање се вредности вградени во дејствувањето на Хабитат“, истакна министерката за култура Стефоска.

За време на настанот, градоначалникот Коцевски заедно со министерката Стефоска и вицепремиерот Битиќи учествуваа на волонтерска градежна акција на шестата зграда во населбата Хабитат.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: