Велешанецот Александар Златаров, член на ККК Арка Борец- Велес, кој учествува на меѓународен кајарски натпревар во Кина, го освои одличното девето место во категоријата кајак спринт кои се оддржа на реката Нуџианг во градот Лушуи.
Тој заостана зад лидерот Хуанг Лиман од Кина, 3 секунди и 76 стотинки. Денес Златаров учествуваше и во трката во кетегоријата кајак класик и го освои 25 место.
Златаров утре ќе има настапи во категориите кајак крос и рафтинг, додека во недела го очекува настап на најатрактивната трка “Тигров скок” .