Денес во спортската сала во Автокоманда, ракометарите на Фруитленд Борец ќе одиграат натпреварот од 18 коло на ракометната Супер лига на Македонија, против лидерот на табелата, екипата на Алкалоид.
Овој натпревар се игра денес поради обврските на Алкалоид во Европскиот куп, каде гостуваше во Италија на екипата на Бриксен.
Натпреварот започнува во 19 часот, а судии на овој натпревар ќе бидат Иво Георгивски и Игор Наумовски од Скопје.