Фруитленд Борец доминираше над фенерџијата Радовиш

Fruitlend Borec Radovis

Екипата на Фруитленд Борец запиша значајна победа во плеј-аутот, совладувајќи го Радовиш со 31:24 во битката за опстанок во македонската ракометна елита.

Zito akcija 640x289px

Домашниот состав ја контролираше играта и темпото од самиот почеток, оправдувајќи ја улогата на фаворит против тимот кој ја заврши регуларната сезона на последното место. Борец ја заврши првата половина од натпреварот со предност од 15:9, а дилемите околу победникот беа отстранети со серија од 5:1 на стартот на второто полувреме, што резултираше со убедливо водство од 20:10.

Agria

Најефикасен во победничкиот тим беше Марио Миланов со 12 погодоци, а значаен придонес имаше и Гуедеш со пет. Во редовите на Радовиш, Ивица Илиев беше најефикасен со седум голови, додека Лазар Адамовиќ постигна шест.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Стихозбирката „Километри широк, метар длабок“ на Светлана Босилкова-Далевска промовирана во велешката библиотека
Последно збогување со Папата Франциск: Светот му оддава почит на Плоштадот Свети Петар
(ФОТО) Полициски марш за тимски дух и зајакнување на врската со заедницата во Велес