Ракометарите на Фруитленд Борец со денешниот натпревар против Куманово на гостински терен ќе го заокружат првиот дел од ракометната Супер лига.
Велешани ќе се обидат да му вратат на Куманово за домашниот пораз од 25:30, и докажат дека тоа било само слаб ден на тимот. Кумановчани пак се во резултатска криза, забележувајќи пет последователни порази, вклучувајќи го и оној од минатата недела од екипата на Струга.
Натпреварот од 16 коло од ракометната Супер лига ќе се одигра во спортската сала „Перо Наков“ во Куманово со почеток од 19 часот. Судии на овој натпревар ќе бидат Душко Камишевски и Стојанче Јовановски од Скопје.