Утре со почеток од 19:30 часот, во Прилеп ќе се одигра пријателски ракометен натпревар помеѓу домаќинот РК Прилеп и велешкиот ракометен суперлигаш РК Фруитленд Борец.
Овој пријателски натпревар претставува одлична можност за двата тима да извршат финални подготовки пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, да тестираат нови тактички решенија и да им дадат шанса на помладите играчи.
Влезот за натпреварот е отворен за сите љубители на ракометот.