Фруитленд Борец не успеа да направи изненадување против Бутел

Fruitlend Borec Butel

Ракометарите на Фруитленд Борец немаа сили до крај да направат изненадување против силниот противник, екипата на Бутел од Скопје. Иако имаа напад за израмнување, домашниот состав не успеа да го реализира, и на крај загубија минимално со резултат 25:26.

Zito akcija 640x289px

Натпреварот започна со многу грешки на двете страни, а се играше израмнето со повремени промени на водството. Разликата ја правеше голманот Паунов, кој на крај собра 15 одбрани. На полувреме се замина со предност за велешани од 13:11.

Agria

Сепак гостинскиот тим заигра поангажирано во вториот дел и за брзо време го сврте резултатот во своја корист. Во последните пет минути гостите имаа предност од 25:22, но со одлична одбрана на домашните ракометари дојдоа до 25:25 на една минута до крајот. По тајм аутот на Кузмановски, Николов му донесе предност на Бутел, а домашниот состав во последниот напад не успеа да упати удар кон голот на Блажевски, откако Шољиќ го пресече подавањето на Димитров.

Најефикасен кај домашниот тим беше пивотот Трајковски со 8 постигнати погодоци, додека Илиев постигна шест. Кај победничкиот тим Ѓеоргиевски, Николов и Милошески постигнаа по шест, а голманот Блажевски одбрани 13 удари и беше стрелец на два погодоци.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: