Фруитленд Борец немоќен против Вардар 1961

Fruitlend Borec Struga

Поранешниот европски и македонски шампион Вардар славеше на гостувањето во Велес, кај екипата на Фруитленд Борец со резултат 41:29, во рамки на 13 коло од ракометната Супер лига.

Zito akcija 640x289px

Велешани дадоа силен отпор во првите 20 минути, имаа водство од 9:7 и 10:8, но квалитетот на скопјани дојде до израз,па на полувреме се замина со плус четири за Вардар, 17:21. Натпреварот беше решен на старт на вториот дел кога гостите од Скопје дојдоa до 20:28. Тренерот на велешани, Владимир Глгоров им даде шанса на помладите ракометари а гостие само ја зголемува предонста за конечни 29:41.

Agria

Најефикасен кај Фруитленд Борец беше Ивица Илиев со шест погодоци, додека кај скопјани се истакна португалското крило Пинто  со седум погодоци. Во наредното коло велешани ги очекува уште еден тежок натпревар проти актуелниот шампион Еурофарм Пелистер во Битола.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: