30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Фруитленд Борец промовираше три засилувања

Фруитленд Борец денеска ги промовираше трите нови засилувања за пролетниот дел од сезоната. Станува збор за тројца ракометари кои треба да донесат дополнителен квалитет во редовите на велешкиот тим.

Zito akcija 640x289px

Велешанецот Бобан Петров, 21 година кој првите чекори ги направи во школата на Велес 2009, има настапувано за екипата на вториот тим на Кил, односно на екипата до 23 години, последно настапуваше за германскиот ЛХЦ Корбус. Петров,  игра на позицијата среден бек и се очекува да биде значајно засилување за тимот. Неговиот татко Каме Петров долги години го носеше дресот на велешки Борец и беше член на шампионската генерација на клубот.

Agria

23-годишниот Марио Миланов  доаѓа од редовите на Голден арт и игра на позицијата среден бек и се очекува да внесе дополнителна креативност во играта на Фритленд Борец.

Од Бразил пристигнува 23 годишниот Габриел Гуедеш Черубим, кој доаѓа од Осакса. Бразилецот е специјалист за позицијата десен бек и треба да донесе дополнителна офанзивна димензија во тимот.

Со овие три засилувања, Фруитленд Борец значително го зајакнува својот состав за предизвиците што следуваат во продолжението од сезоната.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: