Ракометниот клуб Фруитлен Борец од Велес го ангажираше младиот десен бек Синиша Павлов кој има 21 година. Талентираниот ракометар доаѓа од косовскиот клуб Вјоса, каде што остави силен впечаток со своите настапи.
Прилепчанецот Павлов, и покрај својата млада возраст, веќе покажа дека поседува квалитет и потенцијал за понатамошен развој. Неговото доаѓање во велешкиот клуб претставува значајно засилување на десната страна од нападот.
Со ова засилување, стручниот штаб на Фруитленд Борец добива дополнителна опција во ротацијата на десната страна, што ќе биде особено значајно во натпреварите што следуваат.