Немилите настани кои се случија по натпреварот Горски – Бузалкова, кога двајца играчи на гостинскиот тим го нападнаа судијата, го вклучи алармот во ОФС Велес. Претседателот на ОФС Велес, Лазар Ракиџиев и преставниците на клубовите одржаа состанок на кои се донесени неколку одлуки.
Фудбалскиот клуб Бузалкова е казнет парично, и доколку направат нов инцидент ќе бидат дисквалифицирани од натпреварувањето во Општинската фудбалска лига.
Играчите на ФК Бузалкова, кои го нападнаа судијата по натпреварот во село Башино село се казнети со неколкугодишна суспензија. Иначе на состанокот не присуствуваа преставници на клубот Бузалкова.