По одлуката на ФФМ за продолжување на фудбалското првенство во првата лига, клубовите уште вчера излегоа на тренинзи, но сепак под посебни услови. Прво беа дезинфицирани просториите, теренот за тренинзи и справите за тренирање, а веќе се почнати и тестирањата на фудбалерите за КОВИД-19.
Откако Македонија Ѓорче Петров објави дека ги тестираше своите фудбалери, денес продолжи скринингот со тестирање за коронавирус кај клубовите.
Синдикатот на фудбалери на Македонија на својата фејсбук страна објави дека ФК Борец и ФК Академија Пандев ги направиле тестовите на сите играчи, стручните штабови и луѓето кои што работат во овие клубови.
“Мобилна екипа од Аџибадем Систина беше во посета на ФK Академија Пандев и ФK Борец и направени се тестови на сите играчи, стручните штабови и луѓето кои што работат во овие клубови” напишаа на својата фејсбук страна Синдикатот на фудбалери на Македонија.
Резултатите ќе бидат познати откако примероците ќе бидат обработени. Фудбал се очекува идниот месец, а дотогаш фудбалерите неколку пати ќе бидат тестирани и проверувани за коронавирус како што е практика кај другите држави во кои веќе се игра фудбал.