Екипата на Арбен Бајрами во рамки на 12. коло од Првата македонската футсал лига славеше над Кеги Моби со резултат 2:1 и му го нанесе вториот пораз на домашен терен на велешкиот тим.
Текстот продолжува под рекламата
Гостите уште од самиот старт беа решени да покажат зошто се дојдени во Велес. Ја имаа целосна контрола на играта, а домаќините својата шанса ја чекаа од контра нападите. Јусуф Сулејмани во седмата минута го отвори резултатот, а до крајот на првиот дел преку Пајтим Реџепи во 18 минута гостите дојдоа до водство од 0:2.
Неизвесноста ја врати Зоран Трајков со голот во 38 минута, а се ќе беше поинаку доколку истиот играч не промашеше зицер за изедначување во следната акција.
Кеги Моби по ова коло останува на четвртата позиција со 15 бода. Во последното коло од еснскиот дел велешани гостуваат кај екипата на Форца 2015 која ова коло беше поразена од КМФ Проект со 6:2 и остана на претпоследната позиција на табелата со седум освоени бода.
Можеби ќе ве интересира: