Лудилото за купување намирници во неразумна количина ја зафати цела Европа, поточно земјите погодени од новиот коронавирус. Македонци кои живеат во Германија и Холандија ни испратија фотографии на кои можат да се забележат празни полици во супермаркетите.
И додека Германците се снабдуваат со храна, во овие кризни моменти на Холанѓаните им е поважно да не останат без – марихуана. Редици од луѓе вчера можеа да се забележат пред кофи шоповите, во кои легално се продава марихуаната.
Холандските власти од денеска ги затвораат основните и средните училишта, но и продавниците за марихуана.
Погледнете ја галеријата:
Берлин – Германија
Амстердам – Холандија