Ракометните пионери на Гемиџии со пораз го завршија есенскиот дел од првенството, откако на гостувањето во Скопје беа совладани од фаворитот Алкалоид со 28:19. На полувреме домашниот тим имаше предност од 14:6.
Алкалоид уште од самиот старт го контролираше натпреварот и постепено ја зголемуваше разликата. Во 33. минута скопскиот тим стигна и до максимални +11, но Гемиџии во финишот одиграа поорганизирано и успеаја да ја намалат негативата. Најефикасен во составот на Гемиџии беше Мартинов со 7 постигнати погодоци, додека Наумов се истакна со 4 гола.
По крајот на есенскиот дел, велешани се наоѓаат на 7. позиција со освоени 3 бода. Ова е дебитантска сезона за клубот, па од раководството и стручниот штаб очекуваат резултатите да растат како што напредуваат младите ракометари.

















