Германската амбасада за земјава донира 72.000 тестови и 2,5 милиони денари за справување со ковид-кризата

ministerstvo za zdravstvo
ministerstvo za zdravstvo

Министерството за здравство денес соопшти дека продолжува поддршката од германската амбасада во справување со ковид-кризата и останатите здравствените предизвици.

Zito akcija 640x289px

На денешната средба на министерот за здравство, Беким Сали со германската амбасадорка во нашата држава, Анке Холштајн, министерот упатил посебна благодарност за нејзиниот личен ангажман и поддршката која ја имаме од Германија за здравствениот сектор од почеток на ковид-кризата.

Agria

Во рамки на програмата мали проекти за помош, на Клиниката за инфективни болести, КАРИЛ и Клиниката за неврохирургија е обезбедена медицинска опрема, како и лична заштитна опрема за здравствените работници во вредност од два ипол милиони денари. Исто така со поддршка од германската амбасада беа обезбедени 72 илјади брзи антигенски тестови, а целиот изминат период директно беа вклучени со техничка помош во активностите со цел успешно справување со кризата.

„Се договоривме оваа соработка да продолжи, како во справување со предизвиците од пандемијата така и останатите сегменти и денешната средба е чекор напред кон натамошно унапредување на здравствениот систем“, објавија од МЗ.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: