Пратеник на владејачката ЦСУ во Бундестагот, Тобијас Цех поднесе оставка на функцијата откако беше откриено дека лобирал за поранешниот македонски премиер Никола Груевски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година.
Според медиумите Тобиас Цех, од Христијанско-социјалната унија во Бундестагот, добил во 2016 година петцифрена сума пари за да ја советува партијата на поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски.
Цех на Груевски му овозможил во септември и ноември 2016 во Берлин да се сретне со тогашниот сојузен министер за економска соработка Герд Милер, а потоа и со министерот за внатрепни работи Хорст Зехофер во Минхен, како и со други високо рангирани политичари.
„Ова го правам за да го заштитам моето семејство и да избегнам штета на мојата партија преку можни предрасуди. Мислам дека легално нема конфликт. Но политички не можете да се однесувате така“, напиша Цех по оставката.
Сега веќе поранешниот пратеник Тобијас Цех во 2016 година се појави и на митинг на ВМРО-ДПМНЕ како поддршка за Никола Груевски.
Можеби ќе ве интересира: