Германските земјоделци втор ден на протести, државата ќе биде целосно блокирана

Илјадници земјоделци во Германија и денеска ќе ги блокираат главните патишта со трактори и ќе стојат пред клучните владини институции.

Zito akcija 640x289px

Поради масовноста, државните служби изразуваат загриженост и овој протест го нарекуваат најголем во повоената историја. Се стравува дека речиси ниту еден дел од државата нема да функционира нормално.

Agria

Како што пренесуваат германските медиуми, блокирани се влезовите улиците и сообраќајот е парализиран.

„Билд“ оценува дека денеска не би требало да има големи блокади во сообраќајот, туку дека тоа може да се промени веќе од утре.

Тогаш, според најавата на синдикатот на германските машиновозачи ГДЛ, треба да започне тридневен штрајк на железницата, кој се очекува да трае до петок.

Земјоделците во Германија вчера ги започнаа протестите со 100.000 трактори против укинувањето на земјоделските субвенции за дизелот.

Претседателот на Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер истакна дека протестите на земјоделците се „силен демократски сигнал“.

„Земјоделците ги гледам како граѓани кои стануваат и демонстрираат за своите интереси. Ова е силен знак за граѓанска ангажираност“, рече заменик-претседателот на ЦСУ.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: