Гичевска: Мислам дека сме подготвени и тактички и физички

Leonida Gicevska igrac na zenska reprezentacija
Leonida Gicevska igrac na zenska reprezentacija

Женската ракометна репрезентација на Македонија по пауза од десет години се враќа на големите натпреварувања. Македонија од денеска е домаќин заедно со Словенија и Црна Гора на Европското првенство.

Zito akcija 640x289px

Македонската селекција се најде во тешка група заедно со репрезентациите на Франција, Холандија и Романија. „Црвено-жолтите“ девојки ќе имаат многу тешка задача да ја минат оваа група, но целта е да се земе скалпот на некој од фаворитите.

Agria

Еден од лидерите во репрезентацијата, Леонида Гичевска верува во девојките дека може да се пласираат во главната фаза.

„Како што се приближува мечот расте возбудата кај нас и мала доза на нервоза. Сепак, кога ќе почнат тие натпревари се ќе излезе од нас. Мислам дека сме подготвени и тактички и физички. Ние што играме во странство сметам дека сме физички подготвени, но и девојките кои се во нашиот шампионат многу работеа и затоа мислам дека подготвени го пречекуваме шампионатот. На сите натпревари во ЕХФ шампионатот покажавме многу подобра слика од претходно. Бевме во егал со силни репрезентации и мислам дека сите натпревари паѓавме во финишот, веројатно најмногу поради ростерот. Сега мислам дека имаме поголем фонд на играчи бидејќи тоа е многу важно во еден ваков турнирски систем. Мислам дека можеме да ја искористиме оваа шанса и да поминеме во главната фаза“, изјави Гичевска. 

Македонија шампионатот го почнува денеска од 18 часот со мечот против актуелниот олимписки шампион Франција. Два дена подоцна играме со Холандија, додека првата групна фаза ја завршуваме со мечот против Романија на 9. ноември.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: