Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Гласањето ќе трае до 21 часот, кампањата почнува 24 јуни

Glasanje-glasach-pretsedatelski-izbori-kutija-palec-lampa-21apr19-Borche-Popovski

Откако политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ постигнаа политички договор за изборите да се одржат на 15 јули, претседателот на државата Стево Пендаровски повторно донесе вонредна состојба од осум дена, а владата доцна синоќа ја донесе уредбата поврзана со парламентарните избори.

Zito akcija 640x289px

Изборната кампања според уредбата на владата е предвидено да започне на 24 јуни а да трае до 12 јули на полноќ.

Заразените со коронавирусот и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација ќе гласаат на 13 јули каде што ќе што ќе помагаат и медицински персонал, а ден потоа на 14 јули право на глас ќе имаат болни и изнемоштени лица. Времетраењето на изборниот ден кој ќе биде на 15 јули, ќе биде од 7 часот наутро, до 21.00 навечер.

Во општините во кои гласат овие лица, во зависност од нивниот број, државната изборина комисија формира еден или повеќе посебни избирачки одбори составени од тројца здравствени работници кои го спроведуваат гласањето, при што политичките партии имаат право да именуваат член во посебниот избирачки одбор согласно член 38 ставовите 5 и 6 од Изборниот законик.

Задолженија за безбеден изборен процес со Уредбата доби и Министерството за здравство.

Се задолжува Министерството за здравство, според утврдените протоколи од Комисијата бза заразни болести, за поптребите на изборите, а по добиени податоци од Државната изборна комисија, да обезбеди заштитини маски, ракавици и друга потребна заштитна опрема за сите членови на изборните органи и средства за дезинфекција за секое избриачко место.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: