Автобусите на ЈСП утринава останаа во своите бази во Аеродром и Ѓорче Петров, а скопјани без превоз.
Вработените порачаа дека нема да сообраќаат на линиите се додека не ја добијат својата плата.
Нервозно пред камерите изјавија дека им се вршат притисоци, а од в.д. директорот Александар Стојковски побараа да не биде партиски послушник туку да се одважи и да им се придружи.
Вработените порачаа дека јавен превоз нема да има се додека не ги добијат своите заработени пари.
Граѓаните кои за да одат на работа користат градски превоз денеска се оставени на цедило, а со истиот проблем се соочуваат и средношколците. Илјадници скопјани го користат јавниот превоз.
Прекинот се случува без прогласен штрајк. Градскиот совет на Скопје вчера одобри пренамена на средства за платите на вработените во ЈСП, но конечната одлука ќе биде донесена во петок.
Moжеби ќе ве интересира: